
Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната од 24 до 31 степен. УВ=7
Во Скопје, претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Во следните два дена ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со благ пораст на дневната температура. Во сабота кон крајот на денот и во недела ќе има локална појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.