Денеска и утре во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево време, со мала локална облачност. Температурите ќе бидат до 32 степени, додека во Скопје живата во термометарот ќе се искачи до 30 степени.
Во текот на ноќта од понеделник кон вторник ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Во вторник, во текот на денот, а особено попладнето, ќе биде нестабилно на повеќе места со дожд, со локална појава на грмежи, со засилување на ветерот и со услови за ретка појава на град.
Максималните температури во вторник ќе бидат во опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени.
Поголем пад на температурите се очекува од среда, кога времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. На некои места врнежите ќе бидат поинтензивни, а ќе има услови и за ретка појава на грмежи.
Од среда температурите повторно ќе се спуштат во интервалот од 15 до 23 степени.