Сончево со умерена локална облачност

Во неделата во Македонија ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност.

Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури се движат меѓу минус 1 и 4, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 9 и 20 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 18 степени.