Сончево со умерена облачност

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Во југоисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринските температури се движат меѓу 4 и 13, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот од 18 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко, со температура до 25 степени.