Сончево со умерена облачност

Во саботата во Македонија наутро ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаб локален дожд, а во текот на денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Утринските температури се во интервалот меѓу 9 и 15, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат од 18 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи околу 25 степени.