Сончево со умерена облачност

Наутро по одделни котлини има услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринските температури се движат меѓу минус 1 и 7, додека соодветно највисоките во текот на денот ќе бидат во интервалот од 18 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 23 степени.