Сончево со умерена облачност

Во петокот претпладне во поголемиот дел од земјата има појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринските температури се движат од минус 5 на истокот до 3 на крајниот југ, доодека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 5 и 14 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне со услови за појава на магла, во текот на денот сончево со мала облачност, со температура до 9-от степен.