Сончево со умерена облачност

Во петокот утрото  е студено со услови за појава на утринска магла по котлините. Преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност зголемена во источните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури се движат од минус 7 до 3, додека највисоките дневни соодветено ќе бидат во опсегот меѓу 2 и 10 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска наутро е студено со услови за појава на слаба магла, а преку денот ќе биде претежно сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 10 степени.