Сончево со умерена облачност

По студеното утро со услови за слаба магла во котлините во неделата во текот на денот во Македонија ќе преовладува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.

Највисоките дневни температури ќе се движат меѓу 4 и 11 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер, со температура до 9 степени.