Сончево со умерена облачност, попладне дожд

И во средата во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме.

Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе изнесува 6.

Утринските температури се движат меѓу 11 и 19, додека максималните соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 24 и 35 Целзиусови степени.

И во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Температурата ќе достигне до 33 степени.