Денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне, претежно во западните и југоисточните делови од земјата, ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури се движат од 4 до 12, а во текот на денот ќе достигнат меѓу 15 и 26 Целзиусови степени.
Во Скопје денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, со температура до 25 степени.