Во саботата во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.
Утринските температури се движат од 12 до 20, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во опсегот меѓу 24 и 33 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме. Температурата ќе достигне до 32 степени.