Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност, попладне на места нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 9 до 17 Целзиусови степени, а дневната од 21 до 29 степен. УВ-индексот ќе има вредност 7.
Во Скопјеи колината времето ќе биде сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови во претпладневните часови ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните ќе има локална појава на дожд, грмежи и засилен ветер.