Во Македонија во срдата ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град.
Индексот на ултравиолетовото зрачење ќе има вредност 6.
Утринските температури се движат од 5 до 13, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 18 и 29 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе достигне до 26 степени.