Продолжува периодот на релативно топло време за овој период од годината.
Денес ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност, ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 13°C, а максималната од 21 до 27°C.
Потоа во следните денови по одделни котлини ќе има појава на утринска магла, а кон средината на неделата локални врнежи од дожд.