Сончево со умерена облачност, температурите кон 30 степени

Во саботата во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервалот од 24 до 31 Целзиусов степен. Индексот на ултравиолетовото зрачење ќе има вредност УВ=6.

Во Скопје и околината денеска ќе биде  сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне 28 степени.