Во најголемиот дел од земјата во четвртокот ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
Во крајните западни и источни делови ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
Индексот на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе биде 7.
Утринските температури се движат во интервалот меѓу 9 и 19, додека максималните дневни соодветено ќе бидат од 21 до 33 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе преовладува сончево со умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 31 степен.