Сончево, температурите над 40

Топлотниот бран што ја зафати земјата ќе продолжи и во вторникот со сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне со мала до умерена локална облачност.

Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе биде 9.

Утринските температури се во интервеалот меѓу 12 и 23, додека максималните во текот на денот соодветно ќе се движат од 33 до 41 Целзиусов степен.

Во Скопј и околината, исто така, ќе преолвадува сончево време со слаб ветер од југоисточен правец. Температураа ќе достигне 41 степен.