Во средата во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Вредноста на ултравиолетово зрачење (UV) ќе биде 7.
Утринските температури се движат во интервал од 12 до 20, додека максималните во текот на денот соодветно ќе бидат од 27 до 34 Целзиусови стпени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе достигне до 33 степени .