Во Македонија во саботата ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури се од минус 3 до 5, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 10 и 19 Целзиусовите степени.
Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе достигне до 19 степени.