![soncevo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/soncevo.jpg?resize=696%2C333&ssl=1)
Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер повремено со брзина од над 60 км/ч и ќе биде најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната од 10 до 19 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 17 степени.
И во наредните денови ќе се задржи сончево и потопло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. На крајот на работната недела ветерот ќе премине од северен кон јужен и ќе има зголемување на облачноста.