Сончево време со температура до 19 степени

Денеска во Македонија не’ очекува променливо облачно време , а во текот на денот облачноста постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено долж Повардарието и источните делови.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната од 13 до 19 степени.

Во Скопјеи околината  времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно време. Од понеделник се очекува пораст на дневната температура.