Сондата ловец на астероиди Lucy полета кон Јупитер

Вселенската сонда на американската агенција за вселенски истражувања NASA наречена „Lucy“ беше лансирано во саботата утрото во 12-годишната мисија за истражување на осум астероиди на Јупитер,

Сондата беше лансирана со помош на ракетата „Atlas V“ на компанијата „United Launch Alliance“ од Кајп Канаверал на Флорида на патешествието во чиј тек ќе измине речиси 6,5 милиајрди километри во Вселената за да ги истражива тројанските астероиди на Јупитер.

Се очекува сондата да допатува до астероидите во април 2025 година, а завршувањето на мисијата е предвиденот за март 2033 година. Станува збор за прва мисија на NASA насочена на овие астероиди, а во агенцијата се надеваат дека ќе помогне да се добијат одговори на многу прашања во врска со настанувањето на Соневиот систем.

Таа ќе лета близу Тројанците, астероидите на Јупитер. Станува збор за астероиди кои кружат околу Сонцето пред Јупитер, при што се движат еден зад друг. Се смета дека Тројанците како мали небесни тела кои лоцираат на точките каде што се балансираат гравитацијата на Сонцето и планетитесе „остатоци од исконската материја која ги формирала надворешните планети“.

Јупитер има околу 6.000 вакви астероиди, главно во две големи групи. Досега, само еден ваков објект е познат на Земјата.