Сондата на NASA испраќа нови изненадувачки снимки за Сончевиот ветар

Изобилството податоци кои се резулат на „блиската средба“ на сондата на американската Национална агенција за вселенски истражувања (NASA) со Сонцето, на научниците има дава единствен увид во Сончевиот ветер и воопшто во времето во Вселената додека ова летало минува низ најоддалечените делови од атмосферата на ѕвездата.

Научниците во средата ги опишаа првите објавени откритија на соларната сонда „Parker“, вселенско летало лансирано во 2018 година на пат кон Сонцето поблиску од која и да е друг предмет создаден од човечка рака. Откритијата кои нудат нови поединости за тоа како Сонцето влијае на времето во космосот менување на сознанијата на астрономите за разорниот Сончев ветер кој може да им попречува на сателитите и електрониката на Земјата.

„Секако дека се надевавме дека со приближувањето на Сонцето ќе воочиме нови феномени и нови процеси, и секако дека се случи тоа. Новите информации коишто ги добивме главно го потврдија она што го очекуваме, но некои беа сосема неочекувани“, вели Никола Фокс од одделот за хелиофизика на NASA.

Земјата е околу 149,6 милиони километри оддалечена од Сонцето. Сондата ѝ се приближи на нашата ѕвезда на околу 24 милиони километри за да собере податоци кои се користени во студиите објавувани во научното списание Nature.

„Дури и со тие првични податоци бевме шокирани колку Сончевата корона е поинаква, набљудувана одблиску“, вели Џастин Каспер, истражувач ид Универзитетот Мичиген.

Сондата би требало да му се приближи на Сонцето на околу 6 милиони километри од површината на Земјата, седум пати поблиску од кое и да е друго летало. Сондата ја „преживеа“ екстремната топлина додека леташе низ најоддалечениот дел од атмосферата на Сонцето – Короната, во којашто настанува Сончевиот ветер кој го сочинуваат жешки набиени честички полни со енергија кои струјат од Сонцето и го исполнуваат Сончевиот систем.

Осцилациите во брзината на овие набиени честички кои излегуваат од Сончевата корона, според претходните претпоставки, наликувале на брановити распрашувања како однесувњето на струните на гитарата повлечени во средина. Едно од големите изненадувања од сондата е откривањето на ненадејните скокови во брзината на Сончевиот ветер кои биле толку разорни што настанувало пресвртување на магнетните полиња.

„Ги откривме тие дискретни моќни бранови, кои преминуваа преку леталото како диви океански бранови. Тие пренесуваат огромни количества енергија. Тоа драматично ќе ги промени нашите теории за тоа како Короната и Сончевиот ветер се загреваат“,вели Џастин Каспер, водечкиот научник во проектот чиј тим од Универзитетот Мичиген го изработил иструментот на сондата „Parker“ за мерење на Соларните ветрови.