Во најголемиот дел од земјата во четвртокот по студеното утро ќе преовладува претежно сончево и потопло време. Во текот на денот на некои места ќе дува слаб ветер од југозападен правец.
Наутро температурата се движи во интервалот од минус 8 до 1 степен, а дневната соодветно ќе се искачи од 9 до 16 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува сончево и тивко време, со температура до 11 степени.