Во Македонија во вторникот претпладне во западните и источните делови има услови за слаб локален дожд, а по одделни котлини има појава на магла.
Во текот на денот ќе преовладува сончево со мала, а во западните делови со умерена до значителна облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Утринските температури се движат од минус 2 до 3, додека соодветено максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 6 и 15 Целзиусови степени.