![trencevska](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/trencevska.jpg?resize=694%2C438&ssl=1)
„Помирувачот помеѓу СОНК и Владата е десна рака на Тренчевска, ова е измама, власта ги понижува наставниците. Помирувачот е човек вработен во кабинетот на министерката за труд и социјална политика. Тој не може да биде непристрасна страна, кога една од засегнатите страни е владата, односно Ковачевски и неговата шефица Тренчевска“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата вела дека СОНК е во подредена положба, а наставниците се деградирани и понижени.
– Владата го прекрши Занонот за мирно решавање на споровите. Владата лаже за ветеното покачување. Вистинско покачување на платите е кога ќе бидат исполнети барањата на СОНК, се друго е притискање на наставниците да ги прифатат условите на владата, за на истата да и останат повеќе пари за матни тендери, се додава во партиското соопштение.