Синдикалците од образованието и Владата утре на нова рунда преговори. Доколку не се постигне договор од СОНК најавуваат дека во ноември повторно ќе има прекин на наставата, бидејќи синдикатот ќе оди на генерален штрајк.
Барањате не се променети, зголемување на платата за 25 отсто во основното, средното и високото образоавание, но Владата не попушта. Се држи до најавените пет отсто за оваа година и ново зголемување наредната година.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски, е оптимист пред утрешната средба со министерот Аедми и пртемиерот Заев, пред се поради најавите на Владата за зголемување на пензиите и просечната плата. Според него, не станува збор за никаков ултиматиум и дека очекува на средбата да ги добијат бараните 25 отсто покачување кои им припаѓаат поради зголемувањето на минималната плата на национално ниво за истиот тој процент.
Неделковски очекува дека на утрешната средба ќе биде презентирана понуда од Заев и Адеми, но без коментар колкав процент би бил прифатлив. Секоја понуда или евентуален договор ќе бидат доставени до органот на одлучување во СОНК кој ќе треба да ја потврди или отфрли.
Министерот за образование Адеми вчера пак изјави дека очекува позитивна средба на која ќе се продолжи со напредокот во преговорите кој бил постигнат досега.
Адеми е оптимист и ја исклучува можноста за генерален штрајк во отсуство на договор
Сепак доколку не се постигне договор на утрешната средба, генерален штрајк ќе има велат од СОНК и тој би стартувал на почетокот на ноември.
СОНК успешно организираше предупредувачки штрајк на почетокот на учебната година која поради тоа стартуваше со еден ден задоцнување.
Според синдикатот просечната плата на наставничкиот и професорскиот кадар во основното образование е 21.600 денари а 22.500 денари во средното образование а кај помошно техничкиот пресонал е 13 илајди денари.