![згнгн](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/01/zgngn.jpg?resize=640%2C352&ssl=1)
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија (СОНК) изразува голема загриженост во врска со неможноста на вработените во детските градинки, основите и средните училишта во неколку општини во државата, да го остварат своето законско право, да земат плата за месец декември 2017 година.
-Имено, заради причини од политички карактер, Советите на општините Чаир, Тетово, Теарце и Гостивар се уште ја немаат завршено законската процедура за усвојување на општинскиот Буџет за 2018 година, со што се доведуваат до тотална финансиска блокада и се оневозможува повеќе илјади вработени од дејностите што ги покрива СОНК да не можат да земат плата. СОНК укажува на сериозноста на ваквата ситуација и бара максимална одговорност од сите чинители, креатори на овој проблем, со цел што поитно да се надмине ваквата ситуација и да може да се исплатат платите во најкраток можен рок, стои во реакцијата на СОНК.
Оттаму наведуваат дека во спротивно, синдикалните организации на СОНК во кои нема исплатено декемвриска плата, изгледно е дека ќе донесат Одлуки со кои ќе применат и по радикални синдикални мерки во интерес на одбрана на правата загарантирани со Закон и Колективен договор.