СОНК се заканува со штрајк, протестите започнуваат од Штип

Неколку дена пред почетокот на второто полугодие, Синдикатот за образование се заканува со штрајк поради неисполнување на нивните барања, јавува Алсат.

Наставниците се револтирани поради ниските плати и сведувањето во категоријата социјални случаи. Првиот синдикалец, Јаким Неделков, за телевизијата изјави дека Владата ги игнорира нивните барања.

Загрижувачко за првиот синдикалец е и заминувањето на наставниците во западните земји заради подобри услови за живот.

Првиот протест е најавен за 26 јануари во Штип.