![сообраќајка](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/10/soobrakajka.jpg?resize=640%2C396&ssl=1)
На 17.05.2024 во 05.20 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на автопатот Неготино – Демир Капија, патничко возило „рено“ со српски национални ознаки, управувано од А.Ц.(47) од Република Србија, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Х.Л.В.(68), додека возачот и сопатниците А.В.(43) и В.Л.(54) од Република Србија се здобиле со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Неготино.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Неготино.