Три лица се повредени во верижен судар што се случи синоќа на скопската обиколница кај Смилковското Езеро во кој учествувале три автомобили, камион и автобус, соопшти МВР.
„На 22.01.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на град Скопје, во близина на клучка Смилковци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(54) од с.Арачиново, скопско, патничко возило „хјундаи“ со косовски национални ознаки, управувано од Б.Б.(54) од Косово, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(27) од с.Радишани, скопско, товарно возило „сканиа“ со приколка со бугарски национални ознаки, управувано од Д.Д.В.(55) од Бугарија и паркиран автобус „санос“ со скопски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.С., додека со телесни повреди се здобиле возачите Б.Б. и М.Д., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.