![policija stop](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/policija-stop-1.jpg?resize=696%2C435&ssl=1)
Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица кој е дел од магистралата А3 кај месноста Каменички рид, се одбива по една лента. Како што јавуваат возачи, во несреќата учествувале товарно возило камион и џип.
Според првичните информации, во несреќата нема потешко повредени лица.
– Во несреќата џипот е целосно оштетен, додека камионот се наоѓа на едната страна на коловозот заради што сообраќајот се одвива по една лента – велат возачи.
Увид на лице место вршат од полицијата, од каде повеќе детали најавија во текот на денот.