
Поради сообраќајна незгода на магистралниот пат Скопје – Тетово, сообраќајот се пренасочува по стариот пат, информираат вечерва од АМСМ.
„Попладнево околу 18:30 часот на автопатот Скопје – Тетово, патничко моторно возило „хонда“ со скопски таблички, автобус со тетовски таблички и патничко моторно возило „хјундаи“ со скопски таблички, удриле во крави“, информираа за МИА од Министерството за внатрешни работи.
Оттаму појаснуваат дека сообраќајот од 19 часот се пренасочува по стариот пат.