Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, се укинува забраната за движење на тешки товарни возила на патот Гостивар – Стража

АМСМ информира дека се укинува забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по влажни коловози.

Намалена видливост до 50м. поради појава на магла има на планинскиот премин Плетвар.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Синтек инженеринг ДООЕЛ известува дека реконструкцијата на тунелски цевки на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица , фаза 1 е завршена и сообраќајот се пушта во траен режим на сообраќај од 10.12.2024 година.