Сообраќајот на патниот правец Градско Прилеп е пуштен во двата правци.
„Од 14:10 часот сообраќајот на патиот правец Градско – Прилеп е нормализиран”, информираат од АМСМ.
Од утрово од 7 часот патот беше затворен целосно за сообраќај поради свлечиште, излеана река и одрон од карпи.
На терен беше полицијата, екипи на ЈП Македонија пат и екипи на службите за спасување.