Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, се уште е затворен за сообраќај за сите видови на возила.