
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Поради високите температури, АМСМ препорачува и патување во раните утрински и во вечерните часови, правење почести одмори и конзумирање повеќе безалкохолни пијалоци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.