Сообраќајка кај Неготино, повредени странски државјани

Двајца странски државјани се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера во 10.30 часот на патот А1 Неготино–Демир Капија.

Како што информира МВР, несреќата се случила кај местото викано „Бутче“. Автомобил „БМВ“ со белгиски регистарски ознаки, управуван од С.И.(53) од Р.Белгија удрил во еластична ограда и излетал надвор од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Х.М.(51) од Холандија и 17 годишно лице од Белгија, на кои им е  укажана лекарска помош и се задржани на лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-ОН Неготино.