
Едно лице почина, а две се тешко повредени во сообраќајка кај Смилковско езеро. Сообраќајната несреќа како што информира МВР се случила вчера околу 07.30 часот на автопатот Тетово – Скопје, кај Смилковско езеро.
А.М. (56) од Охрид, управувајќи патничко моторно возило „БМВ Х6“ со охридски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот, удрил во метални еластични одбојници, се извртел со возилото и запрел на локалниот пат село Смиљковци-населба Бутел.
По незгодата сопатниците Н.М. (22) и дванесетгодишно дете, двајцата од Охрид, биле пренесени во Ургентен центар – Скопје каде им е укажана лекарска помош и им се константирани тешки телесни повреди. Истите се задржани за понатамошно лекување.
Кај возачот А.М. на местото на настанот, од страна на доктор од Итна медицинска помош е константирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од ОУСН-Скопје.