
Поради сообраќајна незгода кај месноста викана Лагово од 17:15 часот во прекин е сообраќајот на патниот правец Прилеп-Битола, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
На останатите државни патишта сообраќајот се одвива по влажни коловози, а магла со видливост до 50 метри има на патниот правец Лисец – Попова Шапка.
Поради штрајк на грчките земјоделци затворен за сообраќај и понатаму останува граничниот премин Евзони, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.