Ноќеска околу 3:30 часот во сообраќајна незгода која се случила на автопатот Ниш – Белград, во близината на Нови Врачин, загина Македонски државјанин возач на камион.
Несреќата се случила кога камионот со кој управувал македонскиот возач, удрил во два други камиона кои биле паркирани на третата лента. Повредени се исто така и двајцата возачи на другите камиони.