
Поради изведување работи на пат односно минирање на патот А2 Кичево – Охрид, кај Извор, денеска сообраќајот ќе биде во прекин 15 до 20 минути во период помеѓу 15:00 до 17:00 часот.
Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.