
На патниот правец Катланово – Велес, пред наплатна станица Сопот поради карпа на брзата коловозна лента сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 100 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
Екипите на ЈП Македонијапат работат на расчистување на коловозот.