
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Пренасочување на сообраќајот има пред населеното место Војшанци, соопшти АМСМ.
На регионалниот пат Р-2137 пред населено место Војшанци, поради деформации на мостот, за возила со вкупна маса над пет тона, сообраќајот ќе се пренасочува преку мост на река Вардар. (Демир Капија – Корешница – Војшанци).
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.