Сообраќајот се одвива без забрани и застои

Сообраќајот на речиси сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по влажни коловози.

На патниот правец Радовиш – Конче има свлечиште, поради што сообраќајот се одвива по една коловозна лента. На овој патен правец е воведена забрана за движење на тешки товарни возила.

Исто така на патниот правец Кратово – Пробиштип, на излезот на  Кратово, воведена е забраната за тoварни возила и автобуси додека патничките возила се пропуштаат наизменично.