![133399509 коловози](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/133399509-1.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Од Автомото сојузот на Македонија препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.