Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по суви коловози.
На патниот правец Кратово – Пробиштип, на околу 100 метри за излез од Кратово, има забрана за тoварни возила и автобуси, додека сообраќајот за патнички моторни возила се одвива наизменично.
На патниот правец Радовиш – Конче има свлечиште, поради што сообраќајот се одвива по една коловозна лента. На овој патен правец е воведена забрана за движење на тешки товарни возила.