Сообраќајот се одвива по влажни коловози, намалена видливост на патот Велес-Скопје

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по влажни коловози.

Обилни врнежи од дожд има во Маврово и Дебар, додека низ цела Македонија се бележат слаби врнежи од дожд. Слаб снег провејува на Попова Шапка.

Магла со видливост од 50метри има на патен правец Велес – Скопје.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица –  Делчево, Виница – Берово, Гостивар – крак Маврово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈА ПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

 

За сите подетални информации јавете се на нашиот дежурен телефон 02/ 25 61 502 или посетете ја нашата веб страница  www.makedonijapat.com.mk.