Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
ЈП Македонијапат информира дека нивни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, и апелира внимателно да се вози и брзината да се прилагоди кон условите на патот.